Главниот и одговорен уредник на дневниот весник “Вест“, Горан Михајловски нема повеќе да ја извршува оваа функција. Неофицијално, истечен му е договорот и не добил понуда за продолжување на истиот, односно да продолжи да ја врши функцијата главен и одговорен уредник како во изминативе 15 години.
Според извори од весникот, веќе е познато кој ќе го наследи Михајловски, но се уште не се соопштува. Неофицијално, Горан Михајловски одбил да ја пишува во иднина познатата викенд колумна “Сакам да кажам“ која е препознатлив белег на “Вест“ и која ја пишува 25 години.