Усвоена забрана за пушење во барови и ресторани во Романија

Од:

Закон, со кој се забранува пушење во затворени јавни простори, беше изгласан денеска во Домот на делегатите во романскиот Парламент, пренесува БТА.

Предлогот беше усвоен со 164 гласа „за”, 20 гласа „против” и 26 воздржани и ќе стапи во сила откако ќе го потпише претседателот Клаус Јоханис.

    Законот предвидува целосна забрана на пушењето во ресторани, барови, пабови, како и други затворени простори, како работни места, здравствени и образовни институции – како приватни, така и државни. Освен тоа пушењето се забранува и на места наменети за детска игра.

Затворените простори, во кои и натаму ќе биде дозволено пушење се специјално предвидените за таа цел простории кои треба да исполнуваат неколку услови, вклучително и да бидат опремени со соодветни системи за вентилација и пепелници. Пушењето останува дозволено и во затворските ќелии, пишува романскиот сајт „Зиаре“
За непочитување на забраната, законот предвидува казни помеѓу 100 и 500 леи (еврото се разменува за 4,50 леи) за физички лица и меѓу 5000 и 15 000 леи за правни лица, а баровите и клубовите може да бидат затворени, ако се утврди дека не ја почитуваат регулативата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски