Писма до Дедо Мраз кои го „прободуваат“ срцето

Од:

Организацијата „Мајки против дрогата“ во Квинсленд прими многубројни писма, кои треба да му ги предаде на Дедо Мраз, а некои од нив буквално можат да ви го „скршат“ срцето.

За време на празниците ширум светот децата од Дедо Мраз бараат играчки, слатки, облека, но писмата, кои ги прима организацијата „Мајки против дрогите“ се малку поинакви. 

Во групата примени писма, момче од 12 години посакало од Дедо Мраз „тато повеќе да не ја навредува мама“. Друго момче, кое се вика Џејсон, посакало играчки, книги, иако помалку бил немирен во текот на годината.

Вилијам (10) минатата година од Дедо Мраз побарал помфрит и месо, а кога волонтерите стигнале на дадената адреса за да му го предадат подарокот, дознале дека тој всушност живее во автомобил. Денес една од волонтерките е неговата старателка.
Оваа организација има над 400 волонтери, кои изминатите години им помогнале на повеќе од 700 семејства во остварувањето на нивните желби за празниците. Тие секојдневно се соочуваат со работи, кои ги мачат децата.

– Желбите на голем број деца за нас се многу болни. Голем број деца не одат редовно во училиште, бидејќи немаат чевли. Останатите не одат бидејќи немаат очила, а нивните родители немаат пари за да им купат нови, изјави една од волонтерките.
Луѓето од организацијата наведуваат дека и некои деца, кои доаѓаат во оваа организација имаат родители, но тие се во затвор.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ