Алкохолот прави да се чуствуваме поатрактивно

Од:

Ако се чуствувате лошо, за тоа како изгледате во последно време, напијте се пијалок и ќе се почуствувате многу поатрактивно.

Француските научници направиле два експеримента кои покажале дека колку повеќе мислите дека сте испиле во текот на денот, толку повеќе ќе се зголеми вашата самодоверба за вашиот изглед, па дури и ако не изгледате атрактивно.

Агенцијата Франс Прес, известува дека научниците спровеле еден експеримент во локален бар, каде од 19 лица било побарано да ја измерат својата атрактивност на скала од еден до седум.

Потоа им било измерено степенот на алкохол што го испиле при што добиле доста интересни резултати.

Колку е поголема колична на алкохол што субјектите ја испиле, толку поголема самодоверба имале испитаниците.

Но она што е уште поинтересно, е тоа што се случило во втората фаза од испитувањето. Научниците побарале од 94 лица да го пробаат новиот овошен коктел и притоа им прикажале видео порака. На испитаниците им било кажано дека половина од нив ќе добијат алкохолна верзија на коктелот, додека пак на втората половина ќе им биде дадено пласебо.

Оние кои верувале дека пиеле алкохол си дале себе си повисоки оценки за нивната атрактивност и покрај тоа што во нивниот пијалок немало ниту капка алкохол, додека пак оние кои верувале дека пијат пласебо си дали пониски оценки за својата атрактивност и покрај тоа што во нивните пијалоци имало големи количини на алкохол.

„Нашето истражување покажа дека самиот факт дека имате пиено алкохол ве прави да се чуствувате поатрактивно. Количината на алкохол сама по себа нема никаков ефект“.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските