Списанието „Тајм“ ја објави листата на деветте најпопуларни пребарувања врзани за здравјето на Гугл во текот на оваа година, според стручњаците на компанијата, а на таа листа се прашања што се однесуваат на репродуктивното здравје, дишните органи, нутриционизмот….
Прашањата биле поставани од јануари до ноември 2015 година, наведува списанието, а пренесува весникот „Вечерњи лист“.
Некои од најчестите прашања се: дали бронхитисот е заразен, колку вода треба да се пие, што е глутен, колку долго сум бремена, колку калории треба да се једат, колку долго трае грипот и слично.