Национален статистички институт: Романија годишно губи население колку два града

Од:

Најголем проблем на Романија во последните 50 години е што секоја година исчезнуваат по два града, покажуваат податоците на Националниот статистички институт, според кои во 2014 година населението во земјата се намалило за 80.000 лица, кон кои се додаваат уште 40.000 луѓе кои емигрирале.

Според претседателот на институтот Тудорел Андреј ваквото темпо на намалување на населението се споредува со исчезнување на два града секоја година.

– Населението на Романија драстично се намалило во последните години, а лани бројот изнесувал под 20 милиони граѓани, достигнувајќи го нивото од 1966 година, истакна Тудорел.

Тој објасни дека ако по 1990 година намалувањето на населението се должело главно на емиграцијата на романските граѓани, по 2013 година основна причина се зголемениот морталитет и намалениот наталитет.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски