Магла на патните правци Делчево – Македонска Каменица, Штип – Радовиш и Штип – Неготино

Од:

Поради појава на магла намалена видливост до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и до 50 метри на патните правци Штип – Радовиш и Штип – Неготино, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Опасни услови на патиштата – магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Внимателно возење: Магла на Стража и на патот село Гајре – Попова Шапка

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно, магла и повремен дожд

Утринска магла, а потоа сончево и топло до 17 степени