Најстариот играч на бриџ и голф во светот, Јерко Ковач, почина на 103 години во Дубровник, a погребот ќе биде утре во неговото родно место Посушје.
Јерко, имал многу интересен живот, како најстар играч на бриџ е запишан во Гинисовата книга на рекорди. По филмот, за него се пишува и книга, која за сега носи наслов „Од Посушје до Холивуд“.
Овој многу интересен рекордер знал да каже дека проживеал како некој за десет животи, а поминал се, од најниски рангирани работи до аристократски дружења и забави.
Откако завршил златарски занет, поголемиот дел од неговиот живот се занимавал со часовници и злато. Тој раскажувал дека поправил повеќе од сто илјади часовници од сите краишта на светот, почнувајќи од неговата родна Херцеговина, преку Босна, Хрватска, Италија па се до Америка, во која заминал во 1945 година.