Патници од сараевската приградска населба Вогошча утринава го „киднапирале“ автобусот ГРАС што требало да вози на релација Вогошча – Сутјеска улица и го пренасочиле да вози за Ступ.
Имено автобусот кој го чекале патниците не се појавил па овие без многу размислување влегле во друг автобус и не сакале да излезат се додека истиот не ги однел до бараната крајна дестинација.
Во ГРАС немале официјална информација за овој настан и соопштиле дека најверојатно дошло до замена на автобусите.