Македонската амбасада во Варшава на Осмиот меѓународен хуманитарен базар

Од:

Амбасадата на Република Македонија во Варшава учествуваше на Осмиот меѓународен хуманитарен базар во Варшава, организиран од СХОМ – Здружението на сопружници на шефовите на мисии.

На штандот од Република Македонија имаше препознатливи производи – македонско вино, кашкавал, ајвар, чаеви, кондиторски производи и детска козметика од македонски компании.
Како што информира вршителот на работи во македонската Амбасада во Полска, Горица Атанасова-Ѓоревска, за македонските производи имало голем интерес од посетителите на базарот.

Македонскиот штанд бил посетен од првата дама на Полска, Агата Корнхаусер-Дуда, која е покровител на овој хуманитарен настан. Атанасова Ѓоревска ја запознала Корнхаусер-Дуда со дел од палетата македонски производи.

Со учеството на базарот нашата Амбасада во Полска имаше можност да ги презентира и промовира македонските производи, а воедно и да даде придонес за хуманитарни цели. Хуманитарниот базар, кој се одржа вчера, бил посетен од околу 5.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Брисел размислува за европска дипломатска академија

А1он

Промоцијата на книгата „Културна дипломатија: уметноста, фестивалите и геополитиката“

Ана Ололовска

Кристијан Тимоние нов амбасадор на Франциија во Македонија

Емир Латифовиќ

Чешкиот претседател Земан во јуни во посета на Македонија

Емир Латифовиќ

Руската амбасада организираше изложба за победата над фашизмот

Емир Латифовиќ