Член на училишниот одбор на ООУ „11 октомври“, поднесе кривична пријава против поранешната директорка Даниела Костадинова.
Костадинова се товаро дека сторила стек на кривични дела и тоа: Неотстранување опасност по член 294 став 1 од Кривичниот Законик, Непријавување на кривично дело по член 364 став 1 и став 2, а во врска со 353 став 1 и став 3, како последица на Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 став 1 и став 3, а со дејстијвата во точка 2 и точка 3 и Запуштање и малтретирање дете по член 201 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во пријавата стои дека поранешната директорка не ги превземала потребните дејства во сврска со скандалот, кога непознато лице кое говорело на српски јазик примамувало седум деца од прво одделение употребувајќи бомбони и лижавчиња и пробало да ги пренесе првачињата преку училишната ограда нанесувајќи им видливи повреди – модринки и ги тресел за рамењата.
Костадинова, која тогаш ја вршела функцијата директор, се обврзала да ги превземе сите потребни дејствија и мерки за заштита на децата и соодветно да го пријави настанот во МВР.
Членот на училишниот одбор ја товара Костадинова дека во почетокот на учебната 2015/2016 поради лошото менаџирање со училиштето и ненавременото спроведување на сите потребни дејствија заради обезбедување на храна, хигиена и други основни нормални услови за учениците и наставниците во училиштето , учениците од десниот клон во училиштето беа затруени, поточно на настава не беа присутни 110 деца .
Пријавената, стои во пријавата, злоупотребувајќи ја положбата во која се наоѓала, противправно на ден 23.09.2015г. со себе ги изнела службените клучеви од директорската просторија во училиштето , како и сите клучеви од сите влезни врати од училиштето.
Костадинова, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на градоначалникот на општина Центар е разрешена од должноста, и треба да се врати во училиште од Драчево, од каде и дојде на функцијата директор на ОУ во Центар.