Реакција на Народниот правобранител по повод настаните со маршот на децата во Битола и делењето на анкетните ливчиња во општина Аеродром

Од:

Народниот правобранител водејќи се од најдобриот интерес на детето, како и заштитата на неговите права цени дека е крајно непримерно инволвирање на децата во манифестации кои имаат верска конотација, а преку кои непосредно се подгрева нетолеранција кај младите.

Според Народниот правобранител, толеранцијата се учи од мали нозе, и секое поинакво насочување на децата и младите може да предизвика несакани последици во нивниот развој, но и за развојот на општетството. Погрешно и неоправдано е да се користат децата за промовирање на една религија во Република Македонија, што е спротивно на определбата на општеството како мултикултурно, мултитеничко и мултиконфесионално, во кое треба да се учи за различностите и почитување на истите. Затоа, Народниот правобранител укажува училиштата особено внимание да посветат на правилната едукација на децата и младите, односно да бидат основните места каде се учи толеранцијата и почитувањето на другите етнички заедници, култури и вери, затоа што различностите треба да ги сплотат, а не да ги раздвојат децата и младите, или да придонесат за омраза помеѓу припадниците на  различна етничка и религиска припадност.

Народниот правобранител апелира до сите основни училишта и наставниците по предметот Етика во религиите   преку овој наставен предмет децата да се запознаат со постоењето на разни религии што е и негова основна цел, а не да се  практикува една вера и непознавање, односно непризнавање  на другите верски учења.

Исто така, Народниот правобранител го осудува инволвирањето на децата во општинските анкети, при што потсетува дека во училиштата децата треба да се се стекнат со воспитание и образование, а не преку нив да се доставуваат писма кои се однесуваат на работата на општината или за остварување на други цели, надвор од воспитно-образовниот процес.  За секоја осуда е чинот кој ги става децата во непримерна позиција да изигруваат општински доставувачи, а родителот пак, во ситуација да мора да одговори на прашалниците стравувајќи од евентуална последици врз детето.

Народниот правобранител очекува Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат  да преземат мерки за целосно испитување на случајот со активностите од страна на основните училишта во општина Битола, и во општина Аеродром-Скопје, и санкционирање на однесувањето на наставниците, односно училиштата кои постапуваат спротивно од најдобриот интерес на детето и целите на образованието, согласно Конвенцијата за правата на детето и Законот за основното образование.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна