Мит Ромни има предност од еден процент на национално ниво во однос на Барак Обама, но кандидатот на демократите стои подобро, ако се видат и свинг државите.
Тука Обама може да постигне предност, со што би можел да го добие вториот мандат во Белата Куќа,
Како што покажуваат агенциите, Ромни во овој момент има подршка од 48 проценти, а за Обама би гласале 71,1 процент.
Меѓутоа бидејќи на претседателските избори во САД не се спроведува изборниот систем по кој победува тој што добива вкупно повеќе гласови, туку оној што ќе освои повеќе електронски гласови што ги дава секоја сојузна држава поединечно во зависност од својата големина, Обама е во подобра позиција во свинг државите.
На изборите во 2000, се случи кандидатот на демократите Ал Гор да освои повеќе гласови од Џорџ Буш, но изгуби затоа што кандидатот на републиканците доби доволен број електронски гласови за избор на претседател.
Обама сигурно ги освојува државите како Калифорнија, Њујорк, Масачусетс, Вашингтон, додека Ромни сигурно победува во Тексас, Оклахома, Алабама, Казас и повеќето држави на југот .
Спрема истражувањето на „Ril Klir Politiks“, кое ги обединува сите релевантни истражувања , Обама има сигурни 201 глас, а Ромни 191.
Новиот претседател би можеле да го одлучат гласовите од Вирџинија и Колорадо, каде и двајцата кандидати се изедначени. Тие две држави заедно даваат 22 електронски гласови, и битката ќе трае до 6-ти ноември.