Судиите едногласно ја отфрлија иницијативата за оценување на уставноста на Законот за амнестија донесен во 2002, додека другата иницијатива за оценување на уставноста на автентичното толкување на Законот за амнестија е отфрлена со мнозинство гласови.
Станува збор за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.
Судијата известител за автентичното толкување на Законот за амнестија, Исмаил Дарлишта, предложи да се отфрлат двете иницијативи, бидејќи, според него, со автентичното толкување на овој Закон со ништо не се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок на Македонија, како што сметаат подносителите на иницијативите.
Тој нагласи дека Уставниот суд веќе двапати одлучувал за Законот за амнестија и во двата наврати ги отфрлал иницијативите.
Судијата Наташа Габер Дамјановска, реплицираше, таа смета дека автентичното толкување е правно невалидно, со оглед на тоа што Македонија ги усвоила сите меѓународни протоколи и договори меѓу кои и оние кои се однесуваат на дела кои не застаруваат.
Автентичното толкување пратениците го изгласаа во јули 2010 .Тогаш веднаш по формирањето на новата влада, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги затворија четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“ и преку автентичното толкување ги ослободија од одговорност осомничените за воени злосторства во конфликтот од 2001 година. Ова беше и една од точките и условите во преговорите за да се формира владиното мнозинство.
ДУИ не веруваше дека може да се случи уставниот суд да го укине автенточното толкување, во спротивно најавуваа порадикални чекори од одбраната да не се донесе Законот за бранители, со што го затрупаа собранието со илјадниците амандмани.
Цело раководство на ДУИ беше засегнато од одлуката на Уставниот суд.