„Обој го светот портокалово, стави точка“ – против насилството врз жените

Од:

Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на 16-дневната кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

По овој повод, денеска на плоштадот „Филип втори“ во Скопје над 100 граѓани ќе формираат портокалова панделка за почеток на кампањата, која се спроведува во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија.

Целта кампања е запирање на кршењето на правата на жените, затоа што проценките се дека најмалку една од три жени или девојки во светот е жртва на насилство.

Предвидени се и низа други активности, кои вклучуваат осветлување во портокалово на Камениот мост во следните 16 дена, како и повеќе дебати низ земјата со учество на студенти.

– Портокаловата боја е одбрана како симбол на светла иднина без насилство врз жените, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Група од 50 насилници претепаа маж во Белград, еден од нив му нанел повреди со мачета

Македонија нема механизам за заштита на жртвите од родово и семејно насилство

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци, на крај завршиле во станица

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

70-годишна скопјанка била нападната од поранешниот партнер