Заврши заложничката драма во Мали, засега 27 мртви

Од:

Министерството за одбрана на Мали соопшти дека специјалните сили ги ослободиле закложниците кои беа држани од џихадистите во хотелот „Радисон Блу“ во престолнината на таа земја.

Според најновите податоци, убиени се 27 луѓе, а неколкумина од терористите се уште се кријат на горните спратови на хотелите.

Вооружените џихадисти изутринава како заложници зедоа 170 луѓе во хотелот “Радисон Блу“ во Мали, а некои од жртвите се веќе идентификувани како државјани на Мали, Франција и Белгија.
Во акцијата се убиени и двајца од напаѓачите.

Припадници на мировната мисија на ОН изјавија дека виделе 12 тела во подрумот, како и 15 на вториот спрат. Сепак, не е познато дали е тоа конечниот број на жртвите, со оглед дека хотелот се уште не е целосно пребаран.

695338_mali-taoci03tanjugfoto-ap_f

Не е познато ниту колку напаѓачи ја извеле акцијата, иако се спомнува бројката од десет терористи.

Во првата акција на специјалните сили од хотелот се ослободени 80 заложници, додека 124 гости и 12 работници останаа и натаму заробени. По втората акција во која учествуваа и специјалните сили на САД и Франција, се ослободени и преостанатите заложници.

Помеѓу заробените гости се наоѓаа и државјани на САД, Франција, Белгија, Турција, Кина.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Мали трага по тројца осомничени исламисити

Емир Латифовиќ

Заврши заложничката криза во Бамако, пронајдени 18 тела

Емир Латифовиќ

Напаѓачите во Бомако се дел од групата Ансар ал Дин

Емир Латифовиќ

Околу 80 заложници ослободени од хотелот во Бaмако

Емир Латифовиќ