А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Успешна крводарителска акција во Дебар

by А1он18/11/2015 - 17:49150
Share0

Во Дебар е спроведена уште една успешна крводарителска акција, во организација на дебарскиот Црвен крст. При денешниот престој на екипата на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во дебарското средно општинско училиште „Здравко Чочковски“ да даруваат крв се јавиле 30 лица, главно ученици, а крв дарувале 29 од нив.

Добивај вести на вибер

– Она што посебно радува е фактот што дури 15 од учениците, денеска по првпат ја даруваа драгоцената течност. Се поголем е бројот на младите кои стануваат свесни дека дадената крв спасува нечиј живот. Младите се се почести крводарители и при секоја потреба од крв, без оглед од која етничка или верска припадност се, изјави Исни Телќиу, секретар на општинската органзиација на Црвен крст.

Меѓу крводарителите, додаде, дури 90 отсто се средношколци, остнатите се граѓани.

Според Телќиу, ова е десетта по ред, од планираните дванаесет крводарителски акции за оваа година. Последните години, како што посочи, дебарската организација на Црвен крст во континуитет не само што го исполнува, туку најмалку за 10 отсто го надминува годишниот план од 744 крвни единици.

krv

Би можело да ве интересира

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски30/01/2017 - 15:4330/01/2017 - 15:44

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ31/10/2016 - 20:10

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ20/10/2016 - 16:16

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ03/10/2016 - 13:57

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ18/08/2016 - 10:38

Крводарителска ација во кривопаланечко

Емир Латифовиќ02/08/2016 - 19:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен