Словенечкиот репрезентативен голман Самир Хандановиќ одлучи да се повлече од репрезентацијата по неуспехот против Украина во баражот за пласман на Европското првенство во Франција.
Словенија синоќа во Марибор одигра 1:1 со Украина, недоволно за пласман на ЕУРО 2016, по поразот од 0:2 на првиот дуел во Л’вов.
– Се што сакам да кажам во овој момент е дека ја завршив мојата репрезентативна кариера, изјави 31-годишниот.
Хандановиќ прв голман на Словенија беше во изминатите 11 години, а дуелот со Украина е вкупно 79.ти за него во репрезентативниот дрес.