Колку една врска или брак ќе траат зависи од повеќе фактори, но еден е клучен, а тоа се парите.
Според истражувањето на Американската федерална банка односот кон финансиите влијае врз опстанокот на врската или бракот.
Нивната анализа утврдила дека:
– Луѓето обично бараат партнери со слични финансиски статус;
– Двојките со сличен финансиски статус и со поголема кредитна способност подолго остануваат заедно.
И експертите наведуваат дека двојките кои имаат помали финансиски проблеми исто така доживуваат помалку стрес и можат повеќе да се фокусираат на својот однос.
Од друга страна, двојките кои секојдневно се борат со недостиг на пари или се во долгови не можат да посветат внимание на односот во иста мера, па често тоа влијае врз нивната врска.