Фудбалската репрезентација на Унгарија со две победи над Норвешка успеа да избори пласман на ЕУРО 2016. Синоќа во реваншот Унгарците славеа со 2:1 и со вкупни 3:1 беа подобри од Норвешка.
Ова за Унгарија е прво големо натпреварување по пауза од 30 години, кога играа на Светското првенство 1986 година и прво Европско првенство по 1972 година.
На реваншот Унгарија поведе со голот на Тамаш Прискин во 14.минута, а потоа на 2:0 со автогол зголеми Маркус Хенриксен во 83.минута. Истиот фудбалер четири минути подоцна го постигна и почесниот гол за Норвешка.
Вечерва од реванш бараж дуелите играат Република Ирска и Босна и Херцеговина (1:1 прв натпревар), а утре се дуелите: Словенија – Украина (0:2) и Данска – Шведска (1:2).