Репрезентацијата на Украина ја совлада Словенија со 2:0 во првиот дуел од бараж пресметката за пласман на Европското фудбалско првенство во Франција што треба да се игра идната година.
Противникот во квалификациската група каде што настапуваше Македонија, до убедливата победа вчеравечер во Л’вов дојде со погодоците на Јармоленко и Сележњов.
Предност по првиот бараж има и Шведска која во скандинавската пресметка беше поуспешна од Данска.
Постигнати резултати на синоќешните средби:
Украина – Словенија 2:0,
Шведска – Данска 2:1.
Одиграно претходно:
Норвешка – Унгарија 0:1,
Босна и Херцеговина – Република Ирска 1:1.
Реваншите се играат од денеска до вторник.