Без победник со резултат 1:1 заврши вториот од четирите бараж дуели за пласман на ЕУРО 2016 во Франција, одигран синоќа во Зеница меѓу Босна и Херцеговина и Република Ирска.
Ирците поведоа преку Брејди во 82.минута, домаќините изедначија со погодокот на Един Џеко три минути подоцна.
Натпреварот се одигра во влошени услови поради густата магла.
Во четвртокот Унгарија на гости ја совлада Норвешка со 1:0.
Вечер се другите два баража: Украина – Словенија и Шведска – Данска.