Билансот на загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт достигна 55 лица, откако една 29-годишна жена, која се здобила со тешки изгореници, почина денеска во болница во Германија, објави романскиот весник „Гандул“.
Дваесет и седум лица загинаа ноќта на 30 октомври, кога избувна пожарот за време на рок коценрт во ноќниот клуб, а околу 200 лица беа повредени, од кои многумина во тешка состојба. Над 30 лица се префрлени во клиники во странство, а дел од нив веќе починаа.
Министерството за здравство на Романија соопшти денеска дека во болниците во Букурешт во моментов се наоѓаат 62 лица кои настрадале во пожарот, од кои 14 се во критична состојба.
Трагедијата предизивка масовни протести, кои доведоа до оставка на премиерот социјалдемократ Виктор Понта.