САД ги укинаа санкциите против Либерија, што беа во сила повеќе од една деценија

Од:

САД ги укинаа своите санкции против Либерија, кои пред повеќе од една деценија ги воведоа врз режимот на поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор, пренесе ДПА.

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша  указот за повлекување на санкциите поради постигнатиот напредок во оваа западноафриканска земја и пресудата од 50 години затвор за Тејлор во 2012 година.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Нед Прајс, го истакна „огромниот напредок на Либерија по завршувањето на граѓанската војна во 2003 година, посебно нејзиниот ангажман кон демократијата и развојот на политичките, административните и економските институции“.

-Либерија им оддолеа не само на раните од војната, туку и на предизвикот да реагира на досега незабележената епидемија од ебола минатата година, рече Прајс.

Тој, истовремено, додаде дека во земјата останува да се заврши уште многу работа, каде следната година завршува мисијата на ОН, а за 2017 година се закажани претседателксите избори.

Санкциите беа насочени против членови на семејството Тејлор и неговиот режим и лица, замешани во незаконско присвојување на ресурсите на земјата. Првично санкциите забрануваа и увоз на дрвопреработувачки производи и дијаманти од Либерија, но овој дел од санкциите претходно беше укинат.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас