Романскиот претседател Клаус Јоханес денеска го именуваше поранешниот еврокомесар за земјоделство Дачијан Чолош за мандатар за состав на новата влада на Романија, јави Аџерпрес.
Според најавите, Чолош, кој е поранешен член на Националната либерална партија (ПНЛ), ќе треба да формира технократска влада, со мандат до крајот на идната година, кога треба да се одржат редовните парламентарни избори во Романија.
– Засега како единствено решение го гледам формирањето на влада на технократи што ќе има широка партиска поддршка. Политичките партрии се согласија со таа идеја и уверен сум дека тое е вистинскиот пат за перидот од една година (до изборите), изјави Јоханес.
Според него, на Романија и е потребен човек со „чисто лице, кој не е вмешан во скандали и е транспаретнтен“.
Чолош беше еврокомесар од 2010 до 2014 година, а од 2007 до 2008 година ја извршуваше функцијата романски министер за финансии во Владата на либералот Калин Попеску-Таричану.
Националната либерала партија (ПНЛ), чиј поранешен лидер е и самиот Јоханес, лани во октомври се припои кон опозициската конзервативна Демократска либерална партија (ПДЛ).
Чолош доаѓа на местото на досегашниот романски премиер Виктор Понта, кој минатата недела поднесе оставка по масовните протести од кои беше побарана индиректна одговорнсот од него и од министерот за внатрешни работи Габриел Опреа, во врска со несреќата во еден клуб во Букурешт на 30 октомври, при што загинаа 32 лица.
По оставката на Понта, претседателот Јоханес го именува министерот за образование Сорин Кампеану за времен премиер и најави консултации со парламентарните партии за избор на нов прв човек на Владата.
Досега владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) вчера за нов романски премиер го предложи вицегувернерот на Националната банка на Романија, Ливиу Војнеа, но Јоханес селак денеска реши мандатар да биде Чолош.
Чолош сега треба да формира влада, која треба да биде одобрена од Парламентот. Доколку Парламентот ја одбие предложената влада на Чолош, Јоханес има право да предложи нов кандидат за премиер. Ако во рок од 60 дена Парламентот отфрили две предложени влади, тој се распушта и ќе бидат распишани предвремени избори.
Опозицијата викендов се заложи веднаш да биде распуштен Парламентот и да се одржат предвремени избори, но Јоханес го отфрли таквиот предлог, оценувајќи дека во овој момент тој не е добро решение.