На Бинди Ирвин, ќерка на починатиот Стивен Ирвин, ѕвезда на шоуто „Ловец на крокодили“, судот и го отфрли договорот со американското издание на шоуто „Танц со ѕвездите“ поради недостиг на докази дека нејзиниот славен татко навистина е мртов.
Бинди има 17 години и како малолетна, според законот, родителите мораат да се изјаснат што ќе биде со платата кое нивното дете ќе ја оствари, поточно кој ќе располага со хонорарот.
Младата Ирвин веќе осум недели во шоуто се натпреварува и досега наводно има заработено повеќе од 230 илјади долари.
Нејзината мајка Тери Ирвин претходно потпишала формулар дека се одрекува од правото на располагање со хонорарот на ќерката, но на судиката во судот во Лос Анџелес, Марен Нелсон тоа не и беше доволно. Таа го отфрли дотоворот кој Бинди го потписа со АБЦ , образложувајќи дека без соодветен доказ дека нејзиниот татко „неотповикливо и трајно“ се откажува од тие пари „судот не може да утврди дека во најдобар интерес за малолетничк е да се почитуваат условите на договорот“.
Оваа пресуда на Марен Нелсон ги вџаши сите, затоа што за несреќата на 44-годишниот австралиски зоолог и ТВ ѕвезда пишуваа и сите светки медиуми и речиси нема некој кој не знае за неа, затоа што беше бизарна.
Ирвин, снимајки го новиот серијал „Најопасни животни во океанот“ во 2006 година , почина од убод на ража, која не спаѓа меѓу најопасните животни во океанот.
Но судиката на тоа не обрна внимание и побара да се докаже смртта на таткото на Бинди.