Пет работи кои жените ги кријат од своите партнери

Од:

Кога жената ќе стапи во брак му дава ветување на својот сопруг дека никогаш нема да крие нешто од него и дека ќе ги дели како убавите, така и  тажните моменти од својот живот со него. Сепак ова ветување не се остварува секогаш во пракса. Мажените жени често ги кријат овие пет тајни од својот партнер:

1. Здравствени проблеми

Кога жената ќе забележи бемка со неправилна форма или чвор на дојката, најверојатно тоа ќе го скрие од својот сопруг. Прва на која ќе каже тоа е нејзината мајка или сестра. Жените обично молчат затоа што сакаат да ја негираат целата ситуација, но тоа не значи дека проблемот ќе исчезне. Ако го поделите овој проблем со својот сопруг, најверојатно ќе добиете поддршка и ќе се чувствувате многу полесно. Една од предностите во бракот е што партнерите можат да си дадат поддршка едни на други во кое било време и за сите проблеми, кои се појавуваат во нивниот заеднички живот.

2. Проблеми во бракот

Животот на жените во бракот е постојана борба и несогласувања околу родителството и домашните работи, како и за многу други работи. Жените често имаат проблеми со своите мажи, тихо страдаат и така не го решаваат проблемот. Често си го поставуваат себе си прашањато: Дали е вредно да се бориш за него и бракот? Дури и кога 100 посто се сигурно дека вреди да се борат тие често не разговараат отворено со партнерот за нивниот однос. Жените треба да кажат гласно што мислат и што им пречи и отворено да разговараат со партнерот за проблемите во бракот.

3. Сексуални фантазии

Жените за сексот ретко разговараат, а кога сакаат да зборуват за интимни теми, често им се обраќаат на блиските пријателки. Често се жалат дека мажот не ги задоволува, но вистина е дека нивните пријателки освен сожалување не можат да им понудат решение. Кога ќе ги поделите вашите фантазии со сопругот или кога ќе му кажете што ве возбудува сексуалниот живот драстично ќе се подобри.

4. Личен успех

Жените се во состојба да работат и успеваат да ги остварат своите најголеми цели, а кога ќе дојдат дома тие не комуницираат за работата со својот партнер. Тие стравуваат дека на тој начин можат да го повредат својот партнер, дека тој може да се чувствува помалку вреден и затоа тие често одлучуваат нивниот успех на работа да помине незабележано. Но, да бидеме реални, ако мажот не е задоволен со успехот на жената, тогаш тој наивистина не е вреден да го дели животот со неа.

5. Пари

Криењето пари од својот маж за некои жени е златно правило кое го научиле од своите мајки. Тоа за нив е единствен начин да имаат некои резерви на страна во случај ако бракот не успее.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска