Романскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Габриел Опреа поднесе оставка од сите владини функции.
Оставката на Опреа била доставена до Парламентот уште в петокот и е потпишана од времениот премиер Сорин Кимпеану.
Оставката сепак ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службен весник, што ќе се случи, откако ќе биде потпишана од претседателот Клаус Јоханис.
Опреа во петокот изјави дека своите надлежности ги делегира на државниот секретар Илие Ботош.