„Ниту на заминување од премиерската позицијата Никола Груевски не може да се помири со успесите на Општина Струмица.
Струмица е единствена незадолжена општина во Република Македонија.
Струмица има најдобро деловно опкружување, со најдобри практики за транспарентно работење, во интерес на сите нејзини граѓани.
Затоа Струмица e првата општина во Југоисточна Европа којашто го доби меѓународниот Сертификатот за поволно деловно опкружување во јуни 2013 година.
Со сертификацијата се стандардизираше локалниот економски развој на Струмица како еден од најважните фактори за бизнис секторот и привлекување на инвеститорите.
Овој Сертификат претставува меѓународно признание и печат на сигурност за сите потенцијални инвеститори да ја реализираат својата инвестиција токму во Струмица.
Поради ваквиот начин на работа, во Струмица се зголемени инвестициските активности на компаниите за што веќе има проектирано околу 1.300 нови реални работни места.
Струмица е единствена општина во Македонија којашто е системски гасифицирана.
Се е јасно. Дури и Никола Груевски знае дека Струмица е најдоброто место за инвестирање во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.