Премиерот на Романија, Виктор Понта објави денеска дека поднел оставка, ден по масовните протести во кои се бараше тоа од него, откако 32 луѓе погинаа во пожар во ноќен клуб.
-Понта поднесе оставка, бидејќи некој мора да преземе одговорност за тоа што се сслучи. Ова е сериозна работа и ние ветуваме дека за брзо време ќе најдеме решение за оваа ситуација, рече шефот на владеачката Социјалдемократска партија, Ливиј Драганеа.