На главната вечер на годинашново издание на фестивалот „Таксират“ ќе настапи и легендарниот македонски хип хоп состав „САФ“, заедно со реномираниот џез гитарист и композитор Тони Китановски и неговиот „Литл Биг Бенд“.
Едни од предводниците и најзначајните имиња на хип хоп сцената, во оваа прилика за прв пат во придружба на бенд ќе го презентираат култниот „Сафизам“, албумот кој културолошки, музички, метафизички ја претсавуваше македонската хип-хоп сцена на достојно ниво и беше инспирација за следните генерации.
– Вистинските фанови знаат дека на 7. декември во „Метрополис Арена“ нѐ очекува возбудлив музички момент, но и каква енергија ја исполнува арената кога се „САФ“ на сцена. Имено, годинава „САФ“ го потврди својот статус на урбана хип хоп легенда и со одбележувањето на 15 години од издавањето на „Сафизам“, кој е официјално првиот винил на Балкан и еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори, велат организаторите од Пасворд продакшн“.