Секоја работа е тешка на свој начин – долго работно време, напорни колеги и клиенти…, па на човекот понекогаш му е доста од се. А уште и ако не е доволно наспан, тогаш организмот сето тоа често не може да го поднесе.
Така еден оператор во „кол центар“ едно петочно попладне црвсто заспал на своето работно место, па неговите колеги решиле да се пошегуваат со него.
Тие се сокриле и кога тој се разубдил не можел да поверува дека во канцеларијата нема никого.
Тој веднаш повикал еден од колегите кој му рекол дека е на кино и дека не е на работа затоа што е недела.
Заспаниот оператор останал во шок кога помислил дека го преспал целиот викенд во канцеларијата.
Несомнено долго ќе ја памети оваа шега.