Бројот на загинати се искачи на 27, а 180 се повредени во пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, изјави романскиот министер за внатрешни работи Габриел Опреа.
Тоа е една од најголемите несреќи во Букурешт во последните неколку децении. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства за време на концертот на романската хеви метал група „Goodbuy to gravity“. На концертот присуствуваа околу 400 луѓе.
Огнот прво зафатил еден столб, а потоа и таванот на објектот. По избувнувањето на пожарот настанало стампедо.
– Ова е многу тажен момент за нашата нација, напиша на Фејсбук романскиот претседател Клаус Јоанис.
Министерот за здравство Николае Баничоју упати апел за крводарителска акција, за помош на повредените лица.