(ВИДЕО) Драма во Центар: Родителите упаднаа кај директорката-вие немате грам памет

Од:

В.Д. директорот на училиштето „11 Октомври“, Васко Лазаревски влезе во канцеларијата, а таму седи и сменетата директорка која одбива да излезе од училиштето и ја чува полицијата.

В.Д. директорот Васко Лазаревски тврди дека тој е легитимен директор по одлука на Советот на родители, но досегашната директорка Даниела Костадинова го тврди истото.

Родителите упаднаа претпаднево кај неа во канцеларија, и и порачаа поради пропустите и грешките кои ги има направено досега, треба да си замине.

-Кој ви даде право два дена со 4 полицајци да ги тормозите децата? Вие децата треба да ги образувате а не да ги политизирте. Ова што го правите, ќе ве стигне законот.

Хаос направивте од кога сте дојдедени, имајте морал и заминете од овде. Вие ги малтретирате децата, имаме докази, рекоа родителите.

Костадинова го читаше решението од Централниот регистер , според кое таа е директор, односно повторниот упис во регистерот по нејзината жалба.

Родителите и новиот директор тврдат дека тоа е незаконски, и ја обвинија за неодамнешниот случај со труење на учениците.

Таа им рече на родителите дека се партиски мотивирани, а тие и возвратија дека се сите тука и не може да бидат партиски мотивирани. Напротив, рекоа тие, директорката ги менувала учителите за да става со партиски книшки.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври