Постојат одредени работи кои мажите ги сакаат од жената, но тоа никогаш нема да го кажат. Вистината е дека никој од нас не очекува да читаме мисли и на голем број од жените не им е јасно зошто посилниот пол не се изразува по овие прашања. Една од причините заради кои мажите не зборуваат за овие работи најверојатно е „стравот“ да не испаднат помалку мачо во нашите очи. За што точно се работи? Што тие сакаат?
Почитување
Истражувањата покажуват дека мажите очајнички сакаат почитување од страна на своите партнерки.
Ако се сомневате во тоа, прашајте маж и ќе видите што ќе ви одговори. Ова е една од најважните работи кои мажите ги сакаат од жената, но тоа никогаш нема да ви го каже. Зошто тоа им е толку важно?
Едноставно речено, кога мажот знае дека жената го почитува, тој се чувствува поприродно и посигурно во врската. Тоа му дава до знаење дека се смета за многу важен, а вие тоа го покажувате со вашите дела.
Восхитување (оди рака под рака со почитувањето)
Мажите ова го сакаат, но тука постои и една работа – восхитувањето мора да биде искрено. Ласкањето и лажните комплименти кај мажите воглавно не поминуваат, но додека сте сериозни при давањето комплименти ќе му биде мошне пријатно да ги слушне.
Пријателство
Мажите сакаат дружење со жените кои им се важни. Без оглед дали е во прашање гледање на неговата омилена програма или ситна поправка на некој апарат, важно им е да сте тука, покрај него.
Поентата е во тоа дека тој сака да сте во близина и тоа е навистина вистинска работа, но исто така тој сака да го поминува времето со вас.
Пријатен глас
Секако, тие не се единствени кои сакаат да чујат пријатен глас. Од многу одамна е кажано „Убавиот збор железни врати отвора“, а кога станува збор за мажите, може да се каже дека оваа поговорка е дефинитивно применлива.
Секако, невозможно е секогаш да се комуницира со смирен и „мил“ глас, но тоа е нешто на што можете да поработите. Не само вие, туку двајцата.
Охрабрување
И покрај тоа што го сакате, на мажот му е потребно охрабрување. Тие сакаат да знаат дека жената што ја сакаат е на нивна страна, дека „навива“ за нив.
Вашата вера во мажот е од големо значење. Доколку знае дека верувате во него, мажот ќе се избори со сите препреки на кои наидува во животот.
За возврат, тој ќе биде на вашата страна.