Руски товарен брод со 11 морнари денеска изчезна во Охотско Море.
Бродот „Амурскаја“ превезувал руда од рудникот во Охотск. Од бродот утрово бил испратен сигнал за помош.
Спасувачката операција е отежната поради бурата во реонот на Шантарските Острови во северниот дел на Охотско Море.
Во потрагата по бродот учествува авион и танкер.