Повеќе руски опозиционери, меѓу кои се и Сергеј Удаљцов и Алексеј Навални, се приведени во Москва додека протестирале поради, како што велат, тортурата на власта над нивниот колега, активистот Леонид Развожајев. Веста за апсењето ја објавиле на Твитер.
„Одев по улица. Ме уапсија без никакво објаснување и сега сум во полициско возило”, напишал на Твитер Сергеј Удаљцов.
И водачот на опозициското движење Солидарност Илија Јашин исто така на Твитер напишал дека е приведен и дека во полициското возило бил со Навални.
Против уапсените сеуште не се подигнати никакви обвиненија, иако од полицијата велат дека тие се уапсени поради “реметење на јавниот ред и мир