Вечерва на програмата на фестивалот „Локомоушн“ се дикусија за уметноста и активизмот и две изведби со презентации:
18.часот – Дискусија на тема Уметност и активизам
Дискусијата ќе биде водена од страна на учесниците на програмта КРИТИЧКА ПРАКСА_Made in Yu, која се реализира како како дел од европскиот проект LIFE LONG BURNING.
Претставници на локалната културна сцена, поканети учесници во дискусијата се: Филип Јовановски, Ивана Васева, Ивана Дракшиќ и Искра Гешоска.
Критичка пракса_Made in Yu_учесници /критичари и теретичари/ во проектот во 2015: Ида Даниел (Бугарија), Кристоф Фаркас (Унгарија), Шир Хакам (Израел), Ливиа Андреа Пиаза (Италија/ Германија), Ашлинг Маркс (Велика Британија/Холандија), Стина Нирберг (Шведска) Ана Шнабл (Словенија)
Ментор на програмата КРИТИЧКА ПРАКСА_Made in Yu е Ана Вујановиќ, теоретичар и професор програмски кординатори: Маријана Цветковиќ Марковиќ и Биљана Тануровска Ќулавковски
Повеќе информации за оваа програма може да најдете на следниов линк: http://criticalpracticemade.ipage.com/
20.чсот. ДВИЖЕЊЕ НА ЉУБОВТА, автор: Сабрина Железник – презентација на истражување
Движење на љубовта е предавање и презентација на Зин*, кој е дел од моето истражување Стратегии на љубов во АrtEZ уметничкиот институт во Арнхем Холандија. Го одсликува животот, љубовта и постојаното мигрирање на моите идеи, иако најчесто седам и работам. Идеите се движат од музика, илустрација, романса, теории, одсликувања, страсти, дискусии… од место на место, од канцеларија во студио, од кујна во спална…
*Зин (/ˈziːn/ ZEEN; an abbreviation of fanzine, or magazine) е најчесто мала самопубликација на оригинални или позајмени текстови и слики репродуцирани на фотокопир.
21 часот MRF, ко-автори, изведувачи, музика и текст: Драгана Заревска и Александар Георгиев / презентација на истражување
MRF е кратенка од изразот “madness runs in the family”, што накратко би се рекло дека лудоста е наследна и дека патува низ генерациите. Георгиев и Заревска го отпочнаа овој долгорочен проект после соработката помеѓу Георгиев и неговата мајка, во рамки на која во текот на 2014 се изроди перформансот “Свежо-печени театарски простори”.
Проектот е составен од три поголеми сегменти: 1) иницирање и документирање на семејни соработки во сферата на перформансот, пред се во пошироката семејна констелација кај двајцата уметници, 2) продукција на истоимен сценски перформанс, 3) работилници и истражување на можностите на ризомски поврзувања со други луѓе и пракси кои би го збогатиле и прошириле концептот на MRF.
Идејата за MRF перформансот ги влече своите корени во концептот за рефрен претставен во книгата “A 1000 Plateaus” на Делез и Гатари. Рефренот е повторлив, а тоа со себе носи извесни можности, состојби и последици. Во ист дух повторливи се и семејните приказни, – среќните и тажните сценарија. Перформансот преку рефрен како музика, ги испитува рефрените во семејното дрво.
Во рамки на Локомоушн 2015, уметниците ќе организираат топла атмосфера во која ќе чекаат гости/публика. Пред нив ќе презентираат дел од материјалите за сценскиот перформанс, ќе разговараат за праксата која ја имаа до сега, и ќе му подарат на еден од публиката нешто што не се добива секој ден. Гостите ќе бидат воведени во магичната пракса “гледање на слики”, специјално разработена од Заревска и Георгиев за потребите на MRF.Повеќе за проектот -www.mrfmrfmrf.com
Проектот беше развиен преку уметнички резиденции овозможени од Локомотива како Либеро партнер на мрежата АПАП. Уметниците имаа две резиденции како дел од ова партнерство – една во СЦ Загреб, Култура Промјене и една во БУДА Кортијк (Белгија). Драматуршка поддршка за резиденцијата во Белгија е Игор Добричиќ (Германија/ Холандија). МРФ понатака ќе биде развиен во 2016 реку нови уметнички резиденции во Workspace Brussels и BUDA Kortrijk
Сите програми на фестивалот се со слободен влез.
Организација на фестивалот: Локомотива – Центар за Нови Иницијативи во уметноста и културата/ партнер Театарот на Навигаторот Цветко и проект КИНО Култура.
Фестивалскиот програм на Локомоушн #8 е поддржан од Општина Центар преку проектот КИНО КУЛТУРА за развој на современите изведувачки уметности, Гете Институт Скопје и Министерство за култура на Р. Македонија.
Критичка Пракса_Made in Yu_програма во рамките на проектот Life Long Burning е подржана од Програмата Култура на ЕУ.