Македонија со 13 кик боксери на Светското првенство во Белград

Од:

Македонската кик бокс репрезентација со 13 натпреварувачи ќе земе учество на Светско сениорско првенство во Белград, Србија кое почнува утре и ќе трае една недела.

Првиот дел од Европското првенство ќе се одвива во лоу кик, К 1 и кик лајт дисциплините од кик бокс спортот.
Македонија ќе ја претставуваат следните кик боксери:
Во лоу кик:
1.Пепи Велков -67 кг
2.Бобан Илиевски -71 кг
3.Александар Најдовски -86 кг
4.Александар Димовски +91кг.

Во К1:
1.Александар Наумовски -71 кг
2.Јетмир Емрули -75 кг.

Во КИК ЛАЈТ:
1.Виктор Дуковски -63 кг
2.Ненад Манојловски -69 кг
3.Димитар Ѓорѓиев -74 кг
4.Наим Самиу -79кг
5.Милан Кубин -89кг
6.Кристина Стојчевска -55 кг
7.Стефани Тодорова-65 кг

Репрезентацијата ќе ја предводи претседателот на федерацијата Александра Неделковска. Како дел од тимот се селекторот Дејан Митровски , тренерот Драган Атанасовски како и интернационалните судии Арбен Јонузи и Љупчо Стојчевски.

Би можело да ве интересира

Македонската Џиу-џица репрезентација на прием во АМС

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Мирко Филиповиќ му се одмазди на Гонзага

Емир Латифовиќ

Два медала за македонските кик боксери на Еврокупот во Белград

Емир Латифовиќ

ФОТО: Деца ММА борци

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Совлада противник од 200 килограми

Емир Латифовиќ