Продолжува победничката серија на шахистите на Алкалоид

Од:

Во четвртото коло од Европскиот клупски куп 2015 што се игра во Скопје, екипата на Алкалоид извојува значајна победа над Аве Нови Бор од Чешка со 3,5:2,5.

Победата над поранешниот европски шампион (2013 година) за Алкалоид беше четврта по ред со што го задржа максималниот ефект, а со тоа остана при самиот врв на табелата.

Победата за македонскиот првак ја обезбеди кинескиот шахист Ју Јангји по речиси 6 часа и одиграни 85 потега. Во динамична Сицилијанска партија, Ју го диктираше темпото, одржуваше напрегната позиција и во далечната дамска завршница успеа да ги искористи последните ресурси во борбата за цел поен. Во тој момент резултатот во мечот беше 2,5:2,5 и конечниот исход зависеше од таа партија. Драмата на мечот се решаваше во ситуација кога двата противници имаа преостанато помалку од 2 минути за завршување на партијата. Ју успеа да најде комбинација со која премина во добиена завршница крал и пешак против крал.

На другите пет табли партиите завршија реми. За Алкалоид покрај Ју настапија и Иванчук, Јаковенко, Томашевски, Криворучко и Андреикин.

Од другите македонски екипи учесници во купот, Центар го победи Гонзага од Ирска со 3,5:2,5, Гамбит Асеко загуби од Беер-Шева од Израел со 2:4, а Карпош беше поразен од Зеке Хасај од Косово со 3,5:2,5.

На табелата со максимални осум бода се Сокар (Азербејџан), Алкалоид и Сибир (Русија).

На женскиот дел од ЕКК во 4.коло македонскиот претставник Гамбит Асеко го победи холандскиот тим Де Штукенџерс изби на 2.место со 6 бодови, два помалку од лидерот Нона (Грузија).

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ