Обликот на вашите прсти открива каква личност сте

Од:

Веројатно повеќето од вас имаат слушнато за одредувањето на судбината на животот според линијата на раката или пак преку гледање во истата. Но, дали знаевте дека обликот на вашите прсти открива каква личност сте.

Тип А

Имате тенденција да ги криете вашите чувства и да се однесувате меланхолично.
Често се преправате дека сте цврсти и кул, и понезависни одошто навистина сте.
Во суштина, вие сте доста емотивен тип. Се поставувате фино кон луѓето што ги запознавате.
Вие сте фер личност која мрази лаги, хипокризија и измама.
Малку сте ексцентрични и арогантни. Не можете да поднесете многу нешта.
Имате големо срце и сакате да помагате.
Ја завршувате секоја зададена задача дури и ако не сакате.
Многу сакате да се смеете и го правите тоа дури и кога нешто не ви е многу смешно.
Сите ваши мисли можат да се видат преку вашите експресии.
Ладни сте кон луѓето со кои не сте многу блиски, но доста емотивни кон оние со кои сте.

Тип Б

Не сте навикнати да преземате иницијатива за да им пријдете на луѓето.
Многу сте лојални. Штом се заљубите во некој, ќе им го дадете целото свое внимание и секогаш ќе мислите на нив.
Вие сте во суштина многу чувствителни, но не изгледате како да сте, бидејќи често штитите нечии чувства преправајќи се дека не знаете ништо.
Штом одлучите да направите нешто, максимално ќе се трудите да го завршите докрај.
Се плашите да бидете повредени, па се преправате дека ви е добро да сте сами, но всушност не ви е.
Останувате смирени дури и кога се чувствувате многу вознемирени поради нешто.
Изгледате како силна и независна личност која секогаш зборува остро иако имате меко срце и лесно можете да бидете повредени однатре.
Сакате да си замислувате разни нешта. Секогаш сонувате за некој што ќе ве разбира и сака и ќе ви дава сѐ што ќе посакате.

Тип В

Лесно се трогнувате.
Лесно се откажувате од нештата кои ве прават лути и не сакате да држите лутина.
Не сакате предизвици и не сакате да се занимавате со нешто што ви е непознато.
Го почитувате мислењето на другите луѓе.
Понекогаш може да сте наметливи. Вашето его е многу големо кога се расправате, но потоа први се извинувате.
Секогаш ги чувате вашите чувства и проблеми само за себе.
Не сакате да се преправате и добро знаете што сакате, а што не.
Сакате луѓето да ви веруваат и да се потпираат на вас.
Имате меко срце и лесно можете да бидете повредени, па штом некој ви се извини, веднаш простувате бидејќи не можете да поднесете да бидете скарани со некого премногу долго.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ