Се случува и двајцата да бидете нерасположени, уморни или едноставно да не ви е денот. На кој најлесно ќе го повишите тонот, секако на своите најблиски и на својот партнер. Сепак, тоа не е паметно. Затоа важно е да научите да разберете како партнерот се чувствува во одреден момент и да се воздржите.
Немојте веднаш да беснеете, што и да се случило. Сигурно има многу добра причина поради тоа што се случило.
Дозволете да дојде до збор. Немојте секогаш себе да се ставате на прво место. Најдобро е да ја објасни својата постапката. Често изгледа многу страшно на прв поглед, но почекајте. Дозволете партнерот да каже што има.
Ставете се себе си на негово место. Како би ви било на вас да ви се случи некоја непријатност која треба да му ја соопштите на партнерот? Размислете како би ви било секогаш да ве напаѓа за глупости и ситници.
Клучот на здравата врска е разбирањето. Тоа мора да биде взаемно или тешко ќе успеете, посебно доколку сте тврдоглави и не сакате да ја сослушате другата страна.