Фото aрт групата Ф7 од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово по повод пет години постоење синоќа организираше изложба на 40-ина уметнички фотографии – црно-бели и колор, портрети и пејзажи.
Организаторот на изложбата Душан Доцевски изјави дека таа е меѓуклупска и е пресек на работата на македонските клубови, а организирана во чест на петгодишнината на групата.
Цветан Гавровски ја направи селекцијата на фотографиите. – Јубилејот е значаен не само за Куманово, туку и за цела Македонија, бидејќи Фото арт групата Ф7 за само пет години се етаблираше на полето на арт-фотографијата и нејзините членови со забележителен успех ја презентираат македонската фотографија во нашата средина и пошироко, изјави Гавровски.
Организаторите најавија дека изложбата ќе гостува и во други градови во Македонија.