Средношколски Пленум: Директорите почнаа со притисоци врз учениците

Од:

Пред утрешниот марш против лошите реформи во образованието, средношколците почнаа да трпат притисоци. Директорите на училиштата им им се заканувале на учениците дека ќе ги запишуваат.

„Ние како ученици уште на почетокот на денов почнавме да трпиме силни притисоци од страна на нашите директори. Под тоа ги подразбираме заканите од нив во врска со нашето присуство на утрешниот средношколски марш. Цитираме „нема да биде како минатата година, оваа навистина ќе ве запишуваме”. Тука спаѓаат и бројни закани за педагошки мерки, намалени оценки, намалени поведенија и се така по ред кое веќе стана вообичаено за господата директори.

Ги потсетуваме директорите кои очигледно не го читаат Уставот на РМ кој вели: „Секој граѓанин има право на протест”, дека ние како граѓани, ученици и засегната страна во образовниот систем имаме право, но имаме и обврска да се бориме против експериментите на министерот. Ги прашуваме директорите, дали Вам Ви се допаѓа кога на Вашите колеги им ја намалувате платата заради бесцелно тестирање базирано на 30 кликови? Ги прашуваме и дали е добро за репутацијата на училиштата кога оние ученици кои целата година ја поминуваат во труд, активност, и знаење на крајот да добиваат пониски оценки само заради нефункционалноста на компјутерскиот систем?

Одговорите од директорите веројатно ги добиваме кога ги добиваме и заканите. Тие се согласни продолжената рака на министерот и заменик министерот, бескрупулозно и непедагошки спречувајќи не да викнеме гласно СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ“, се вели во соопштението на Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Реакција на Средношколски пленум: Додека сме на училиште, не сме ваша сопственост

Ана Ололовска

Средношколскиот пленум го осудува притисокот врз средношколката Илина

Ана Ололовска

Средношколката Илина од Велес добила намалено поведение заради статус на Фејсбук

Емир Латифовиќ

Повик од Средношколскиот пленум за протестниот марш на 21. октомври

Ана Ололовска

Средношколци: Ќе протестираме! Не сакаме да сме експеримент

Ана Ололовска

Средношколски пленум до Груевски: Згрозени сме од лажните обвинувања и навредени што не’ нарекувате „катастрофа“

Ана Ололовска