Прва работа која би ја направил ако сум невидлив е да одам во Сирија и ги истребам сите припадници на „Исламска држава“, изјави рече Дејвид Хаселхоф (63), ѕвезда на „Baywatch“.
Да може да направи едно злосторство и да се извлече без казна, Хаселхоф би ги искинал сите документи за развод на неговите две поранешни сопруги за да може престане да плаќа алиментација.
– Секој месец морам да плаќам 50.000 долари, се пожали Хоф кој откри и како сака да му изгледа погребот.
– Сакам да имам отворен ковчег до кој ќе има електричен уред на кој ќе се прикажуваат персонализирани пораки за секое лице кое ќе помине покрај мене. Сите би можеле да направат селфи со мене и да се смеат. И сакам голема забава со отворен шанк, објасни Дејвид.