Унгарија ќе може да постапи како што ќе оцени за да преземе неопходни мерки за да ја заштити границата, изјави портпарол на европската комисија по повод оградата меѓу Унгарија и Хрватска.
Портпаролката Наташа Берто прецизира дека Хрватска е вон Шенген и оти Будимпешта јаинформирала ЕК за преземените акции иако нема такво задолжение.
Истовремено, Берто повтори дека „огради и ѕидови немаат место во ЕУ“. Комисијата според ЕК не подджува префрлање одговорности меѓу државите од ЕУ.