Последни натпревари од квалификациите за ЕУРО 2016

Од:

Квалификациите за ЕУРО 2016 во Франција ќе завршат со вечерашните девет натпревари во три групи, а потоа ќе останат да се доиграат уште бараж дуелите.

Од вечерашните дуели борба за второто место има само во групата Х меѓу Норвешка и Хрватска. Во оваа група Италија е прва и вечерва ја пречекува Норвешка, додека Хрватска гостува на Малта.

Во другите две групи познати се селекциите кои се на првите две места: Исланд и Чешка (А група) и Белгија и Велс (Б група), но останува борбата за третото место во групата.

Во А групата во конкуренција се Турција и Холандија, а во групата Б: Босна и Херцеговина, Израел и Кипар.

Од третопласираните селекции во моментов Унгарија има најдобар биланс и можност директно да игра на ЕУРО 2016, а единствено Турција може да го заземе нејзиното место.

Двојки за вечерашните натпревари од 10.коло:

А група: Летонија – Казахстан, Холандија – Чешка, Турција – Исланд.
Табела: Исланд 20 бодови, Чешка 19, Турција 15, Холандија 13, Летонија 5, Казахстан 2.

Б група: Белгија – Израел, Кипар – Босна и Херцеговина, Велс – Андора.
Табела: Белгија 20, Велс 18, БиХ 14, Израел 13, Кипар 12, Андора 0.

Х група: Бугарија – Азербејџан, Италија – Норвешка, Малта – Хрватска.
Табела: Италија 21, Норвешка 19, Хрватска 17, Бугарија 8, Азербејџан 6, Малта 2.

Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ