Девет натпревари во три групи ќе се одиграат вечерва од последното 10.коло од квалификациите за ЕУРО 2016. Во трите групи познати се четири селекции кои ќе играат на шампионатот, а неизвесна е борбата за второто место во групата Ц, каде Словачка и Украина имаат ист број бодови и во групата Г, каде Русија има 17 бодови или два повеќе од Шведска.
Македонската репрезентација гостува во Борисов кај Белорусија во обид со позитивен резултат да го заврши неуспешниот квалификациски циклус.
Во групата Е борбата е за третото место и баражот, каде Словенија е во предност во однос на конкурентите и има три бодови повеќе.
Двојки од 10.коло:
Ц група: Белорусија – Македонија , Луксембург – Словачка, Украина – Шпанија.
Табела: Шпанија 24, Словачка 19, Украина 19, Белорусија 10, Луксембург 4, Македонија 3.
Е група: Естонија – Швајцарија, Литванија – Англија, Сан Марино – Словенија.
Табела: Англија 27, Швајцарија 18, Словенија 13, Естонија 10, Литванија 10, Сан Марино 1.
Г група: Австрија – Лихтенштајн, Русија – Црна Гора и Шведска – Молдавија.
Табела: Австрија 25, Русија 17, Шведска 15, Црна Гора11, Лихтенштајн 5, Молдавија 2.