Во четвртокот вечер, околу 20 часот двајца маскирани разбојници ја ограбиле бензиската пумпа на Макпетрол на автопатот Скопје – Куманово, населба Илинден, соопшти МВР.
Крадците почнале да му бараат пари и да му се закануваат на 61-годишниот вработен Ф.Ф., а еден од нив испукал и еден куршум во воздух како закана.
Му ги врзале рацете со селотејп лента, украле околу 12.000 денари од касата и избегале.
Вработениот е пренесен во Градската болница „8-ми Септември“, а полицијата трага по разбојниците