Порошенко апелира за воспоставување на „вистинско примирје“

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска апелираше за воспоставување на „вистинско примирје“ во прорускиот сепаратистички источен дел на земјата.

–  Присуствуваме на целосна тишина во првата недела од октомври. Ниту еден истрел. Тоа веќе не е прекин на огнот туку вистинско примирје, изјави Порошенко.

Но, тој додаде дека војната „се уште не завршила“.

– Војната ќе заврши кога ќе биде ослободена од рацете на непријателот, на окупаторот секоја педа од украинската земја, посочи Порошенко.

Над 8.000 луѓе се жртви на конфликтот во Источна Украина што избувна во април 2014 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми